Завршувањето на сезоната во НБА лигата (ќе) означи крај на љубовта помеѓу Леброн Џејмс и Кливленд. „Кралот“, како што го нарекуваат Џејмс ќе биде слободен агент и отворен за преговори со заинтересираните клубови.

Прва опција, секако дека е Кливленд, но 33-годишниот кошаркар побара(л) далеку поквалитетни соиграчи од кои не доби никаква помош во финалето во НБА лигата кое го изгубија со 4-0.

Вкупно пет понуди има Леброн Џејмс на маса и може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, ако Кливленд не ги испочитува барањата на кошаркарот.

Една, а можеби и најатрактивна е понудата од Лос Анџелес Лејкерс. „Езерџиите“ посакуваат враќање на старите патеки, а со Леброн во составот можат да се надеваат на нови шампионски денови.

Екипата на Хјустон која загуби од Голден Стејт во финалето на западот го посакува Леброн во ростерот, но „ракетите“ ќе треба да се ослободат од повеќе кошаркари поради селари капот односно полната клупска каса.

Најреална опција за продолжување на кариерата на Џејмс се смета Сан Антонио кој предводен од Грег Поповиќ знае максимумот да му го „исцеди“ на секој кошаркари. Поповиќ јавно го повика Леброн, а на потег е кошаркарот кој ќе нема ниту малку лесна задача околу изборот.

Од екипите на источната конференција сериозни амбиции за ангажман има Филаделфија, а како можна дестинација се јавува и Бостон.

Леброн Џејмс еднаш го напушти Кливленд и замина во Мајами. Со „жешките“, Џејмс освои две титули и се врати во матичниот клуб со кој освои една титула и изгуби две финалиња по ред од Голден Стејт.

OhridNews