Најдбориот македонец во генералниот пласман Евгениј Поп Ацев, посакува повторување на ланската трка и место на пиедесталот во Охрид.

– Кај маратонското пливање не можеш многу да прогнозираш. Никогаш не можеш да знаеш како ќе се одвива трката. На почетокот се плива во група, па потоа се одвојуваат пливачите па кој како ќе има сила, така ќе ја заврши трката. Обезбедување место на подимиуот во оваа конкренција би било одлично за мене – рече Поп Ацев.

Водечкиот во генералниот пласман, Австралиецот Трент Гримси за прв пат плива во водите на Охридското езеро.

Прв пат сум овде, малку сум уморен бидејќи пливав неколку маратони во последнииот месец но очекувам да го потврдам првото место во генералниот пласман – вели Гримси.

Неколку пати втор во Охрид, моментално втор и во генералниот пласман е аргентинецот Дамјан Блаум. Тој има се уште теоретски шанси да го мине на листата Гримси.

 – Да има уште теорија, но ќе биде навистина тешко. За мене е вистинско задоволство што сум овде во Охрид и што ќе пливам во водите на Охридското езеро. За мене е привилегија што имам можност да се натпреварувам со Петар Стојчев кој е вистинска маратонска легенда – смета Блаум.

Охридскиот пливачки маратон е осми и последен во Гран При серијата за 2012 година.

М.П.