Изјавата на претседателот на СЗПМ Драги Аргировски, дека ветото на дополнителниот министер Кире Наумов ќе ја загрозело исплатата на платите и пензиите, ги става и членовите на Сојузот во позиција на продолжена рака на власта – реагираат од Партија на обединетите пензионери и граѓани на Македонија.

– Со кое право еден претставник на граѓанско здружение, изигрувајќи партиски јуришник, ги става членовите на Сојузот во таква, срамна позиција, ако Сојузот не се занимава со вистинските прашања од интерес на пензионерите во Република Македонија? Ќе наведеме само некоклу: Каков е соодносот на просечната плата со просечната пензија? Зошто за исплата на пензиите мора да се земаат кредити и кој во последните 10 години е одговорен за состојбата на Фондот за ПИО? Кој ги лаже и манипулира пензионерите со наводно „покачување“ на пензиите? , прашуваат од Партијата на обединетите пензионери.

Оттаму бараат одговор и на прашањето- каде се и на што се трошат парите кои на име членарина се внесуваат секој месец во касата на СЗПМ.

OhridNews