Наредната година, во периодот од 1 до 21 април, ќе се спроведе попис на населението. Како што информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, пописот ќе се врши по високи стандарди на Евростат, комбинирано, по електронски пат и со теренско попишување.
„ Софтверското решение кое ќе биде изготвено ќе ги препознава личните податоци на граѓаните кои веќе еднаш се внесени, со што ќе се онезможи ист граѓанин да се регистрира двапати. Тоа значи дека ќе има попишување со помош на веб-апликација и теренско попишување. Државата ќе биде поделена на 45 пописни реони, а во целата операција ќе учествуваат 6.000 попишувачи, изјави Симовски.
Луѓето кои се наоѓаат во дијаспората ќе се попишуваат исклучиво по електронски пат, што значи дека нема да се издвојуваат средства за да се испратат попишувачи надвор од земјава.
Резултати од пописот може да се очекуваат шест месеци по завршувањето на процедурата, односно во септември 2020 година.
За спроведување на пописот од државниот буџет се обезбедени 8.5 милиони евра.
OhridNews