Попладнево повторно приведен осомничениот 31-годишен охриѓанец за напад врз 26-годишната девојка. Лицето е приведено по наредба на Јавен обвинител. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во притвор е и таткото на девојката по пријава од мајката на напаѓачот дека на мобилен телефон упатил закани на нејзиниот син и на целото семејство. Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Според последните информации напаѓачот бил и под дејство на алкохол, а од СВР Охрид информираа дека покрај кривичната пријава за сомнение за сторено кривично дело „тешки телесни повреди“, ќе следат и пријави по други основи.
Н.С.Ј.











