Попладнево повторно приведен осомничениот 31-годишен охриѓанец за напад врз 26-годишната девојка. Лицето е приведено по наредба на Јавен обвинител. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Охриѓанецот се сомничи дека на 15.11.2026 околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Во притвор е и таткото на девојката по пријава од мајката на напаѓачот дека на мобилен телефон упатил закани на нејзиниот син и на целото семејство. Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Според последните информации напаѓачот бил и под дејство на алкохол, а од СВР Охрид информираа дека покрај кривичната пријава за сомнение за сторено кривично дело „тешки телесни повреди“, ќе следат и пријави по други основи.

Н.С.Ј.