Според информациите од центарот за управување со кризи, како последица од вчерашното невреме во струмичко, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен југоисточен ветер, оштетен е мост на Маркова река кај селото Раборци при што во прекин е патниот правец Раборци – Попчево. Поплавени се и северниот дел од градот Струмица,  како и неколку населени места и земјоделски површини во струмичко .

Поради обилните врнежи од дожд во село Сушево оштетено е речното корито на Сушевска река, улиците и три моста во селото, а во прекин е и водоснабдувањето и електроснабдувањето.

Се прават насипи со вреки со цел да се спречи понатамошното излевање на реките.

Од обилните врнежи од дожд кои вчера го зафатија и валандовскиот регион поплавени се неколку села во валандовско.

OhridNews