Во двете пријавувања во јунскиот уписен рок во прва година средно образование во учебната 2023/2024 се запишале 15 481 ученик, од кои речиси две третини во стручните училишта.
Министерството за образование и наука информираше дека според конечните ранг-листи во стручно образование се запишале 10 277 ученици, 4603 ученици се запишани во гимназиите, 414 во спортска гимназија и 187 во уметничко образование. Според наставниот јазик, 11 325 се запишани за настава на македонски јазик, 3852 ученици за настава на албански, 298 за настава на турски и шест ученици за настава на српски јазик.
На првото пријавување, кое се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни, се пријавиле 16 007 ученици, а на второто пријавување – на 27 и 29 јуни се пријавиле 3371 ученик.

Пријавувањето во августовскиот рок ќе биде на 21 август до 24 часот во училиштата во кои има слободни места.
OhridNews














