Кандидатот за градоначлник Ацо Попоски на денешната средба со новинарите искажа задоволството што, како што рече,  останатите кандидати ја прочитале неговата програма и се одлучиле да имплементираат дел од неа.

Многу ми е драго што моите противкандидати ја читаат програмата и директно ги кажуваат нашите идеи како што е таа  за социјалната грижа, што беше спомната на прес конфернација на еден од кандидатите за градоначалник вчера  – рече Попоски.

Kандидатот за градоначалник на НСДП, Ацо Попоски денеска продолжи со претставување на изборната програма, при што ја презентираше својата визија за развој на спортот во Охрид.

ohridnews