Ја започнувам кампањата пред институцијата која што е есимбол на невработеноста во нашиот град. Тука доаѓаат луѓето кои што се најзагрозени. Од овие објекти пред нас, Отекс, Братство…, многу луѓе се слеаа во ова агенција и сите овие години мои пријатели и ваши приијатели се постојано тука – рече при денешната посета на Агенцијата за вработување кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски.

Тој истакна дека неговиот тим има програма за решавање на проблемот со невработеноста.
– Еден од тие проекти е новата индустриска зона која сакаме да ја изградиме по европски стандарди, а не идустриска зона каква што ја имаме и ја познавате, додаде Попоски. Кандидатот за градоначалник Попоски и неговиот тим планираат новата индустриска зона да биде изградена на делот помеѓу Лескоец и Лакочереј, кој како што беше истакнато, поседува извонредни квалитети.
Попоски нјави дека во општината ќе вработи менаџер за инвестиции, кој како што рече, ќе им биде при рака на сите активни луѓе кои сакаат да иаградат бизнис. Тој кажа дека ќе ја трансформира општината во поинаква смисла, не само да собира пари, туку на некој начин да ги враќа назад кај претприемачите.











