Кандидатот за градоначалник на Охрид од НСДП, Ацо Попоски, ја претстави визијата за Саем во Охрид, кој како што вети ќе биде изграден доколку ја добие довербата од гласачите на претстојните локални избори. Попоски презентираше 3Д анимација од проектот за изградба на саемска хала, што е еден од петте приоритети во неговата изборна програма. Попоски најави дека овој мултинаменски објект ќе има голем број пропратни содржини кои ќе се градат и надоградуваат постепено во иднина, со што Охрид ќе добие уште еден адут во туристичката понуда што ќе ја продолжи кратката сезона.



Според Попоски, планирано е, саемот да содржи изложбени целини, конгресен центар со мултимедијални содржини и модерно кино, современ паркинг-простор доволен за сите посетители, а еден дел од проектот ќе биде насочен и кон дополнување на летната туристичка понуда.




Попоски ја претстви визијата за изградба на Саем во Охрид