Повеќе од десет години капиталните објеките се оставени сами на себе и затоа нивната состојба е очајна – рече денес на средбата со новинарите во  СРЦ “Билјани Извори“ кандидатот за градоначaлник Ацо Попоски .

Спортистите се оставени сами на себе , ретко да има клуб кој може да ги подмири основните трошоци а камо ли да се размилува за нешто повеќе. Охрид има потреба од манифестации кои ќе бидат бренд и ќе го вратат сјајот на градот, додаде Попоски.

Попоски изрази разочараност од состојбата во која се наоѓаат дел од спортските терени, особено, како што посочи, состојбата со отворениот базен.

Овај базен е повеќе од десет години во ваква нефункционалност, не ме интересираат надлежностите и сопственоста,  она што ме интересира е децата и младината да можаат да доаѓаат овде, да се релаксираат и да се дружат – вели Попоски.

Попоски истакна деке спортот ќе го врати во училиштата каде ќе се организираат меѓуопштински натпреварување, а нема да бидат заборавени и лицата кои многу  придонеле за развојот на спорот во Охрид.

За неповолните договори со кои е задолжен СРЦ „Билјани Извори“, кандидатот за градоначалник Попоски истакна дека во секој договор постојат клaузули по кои може да се раскинат.

Јас вакви работи нема да дозволам  па и по цена на штета за општината и ќе ги раскинам тие договорви– рече Попоски

ohridnews