Kандидатот за градоначалник на Охрид од НСДП, Ацо Попоски денеска ќе одржи прес-конференција на тема: „Осовременување на туристичката понуда во Охрид“.
   
На прес-конференцијата на оваа тема ќе говорат:
– Гоце Маренски – професор по информатика на ПМФ, за новите софтверски решенија на хотелиерското работење, и
– Зоран Темов – асистент менаџер во хотелскиот ланец Хилтон.

Прес-конференцијата ќе се одржи во 11:30 часот во просториите на НСДП – Охрид.