Изградба на нов и дислокација на стариот центар за лечење од зависност – најави кандидатот за градоначалник на Охрид, Ацо Попоски, при денешната посета на центарот за рехабилитиација во Охрид.


Ние сме реалисти и не бегаме од состојбите  во општеството. Лицата овде се нашите деца, деца на нашите пријатели , соседи кои во одреден период од животот, не по своја вина скршнале од правиот пат. Проблемот на зависнота, не е проблем само на едно семејство, на една инстуција него на сите нас, сите ние сме подеднаково загрозени и не смееме да дозволиме да останеме настрана од овие случувања. Овие лица имаат потреба од помош и треба да ги вратиме во живот, ќе им создадеме општествени можности и ќе им подадеме рака со цел да станат дел од општеството – рече Попоски

Попоски го поздрави стручниот тим кој се грижи за овие лица и напомена дека  дневниот центар покажува дека овој проблем е од суштински интерес за нашиот град.

– Сегашноста е ваква, ние нудиме посветла иднина -заврши Попоски

OHRIDNEWS