„Моето појавување на политичката сцена не е случајно. На  нашите проекти работевме долго време“, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од Новата социјалдемократска партија на Македонија, Ацо Попоски. 


Ацо Попоски

Попоски денеска се осврна и на проектите што ги изработи заедно со неговиот тим за, како што рече, Охрид да стане модерен град.

„Охрид бара поинакви содржини од сегашните, долгорочна урбанизација и перспектива што ќе нуди решенија за 20 години однапред“, подвлече Попоски и додаде дека Охрид не смее да биде град со големо име а сиромашни граѓани.

Тој ја најави и изградбата на новата автобуска станица, која според него,ќе има продавници, антикварница, портал, но и информативен центар којшто ќе им ги нуди сите информации на туристите за сместувачките капацитети во Охрид. 


Попоски ја претстави визијата за новата автобуска станица

Збрувајќи за Охрид како модерен град, кандидатот за градоначалник, Ацо Попоски, рече дека градот мора да го добие и автопатското решение. „ Без тоа, рече тој, ни еден владин функционер  не смее да каже дека Охрид на него е најважен“.

Во овој контекст,  Попоски го изрази своето незадоволство од  несанираниот регионален пат „Охрид – Свети Наум “ и улицата „Железничка“ која веќе три години е  неасфалтирана.

А.Р.