Охриѓани излегоа масовно на овие локални избори и достоинствено и мирно го дадоа својот глас. Според нас изборите завршија во фер и коректна атмосфера. Охриѓани избраа нов градоначалник г-динот Никола Бакрачески, на кого јас лично и во име на нашата групација му го честитам изборот и му посакувам успешна работа во наредните 4 години.“ – изјави носителот на независната советничка листа, Павел Попоски, на деншната прес конференција.

Според него, советниците од оваа независна група избирачи се задоволни од поддршката која ја добиле од охриѓани.

Сакаме јавно и искрено да им се заблгодариме на граѓаните. Како дел од советот на град Охрид ќе стоиме на тоа што го кажавме во предизборната  кампања и максиманло ќе се залагаме и работиме за подобра иднина на Охрид. Исто така, оваа прилика ја користам да им се заблагодарам на сите медиуми за својата работа која ја завршија максимално и професионално.“ – додаде Попоски.

Тој смета дека нема простор за обвинувањата на Сојузот за иднината, околу нелигитмноста и притисоците за време на изборниот процес.

За обвинувањата од политичката партија СДСМ, мислам дека не држат затоа што резултатот покажува сосема поинков тек. Затоа што разликата помеѓу победникот и поразениот е огромна, затоа и притосите и да биле, мислам дека не влијаеле на овие избори.“ – истакна Попоски.

Инаку, Павел Попоски ќе биде член на новиот Совет на општина Охрид, откако во неделата освои 1839 гласа.