
-Ова е многу храбар идеен, но решлив проект, а се надевам дека и охриѓани ќе го прифатат, рече Попоски и додаде дека само капиталните проекти можат да го издигнат Охрид на повисоко ниво.
Попоски денеска најави дека проектот топлификација ќе се реализира во неколку фази, од кои првата чини околу 10 милиони долари. Притоа тој подвлече дека има заинтересирани за реализација на проектот топлификација.
Овој проект ќе биде детално презентиран утре вечер од 18 ч. во х. „Милениум“, со учество на професори од Машинскиот факултет кои работеле на проектот.











