Втората средба меѓу шефовите на дипломатиите на Скопје и Атина, Никола Попоски и Евангелос Венизелос не вроди со плод во однос на приближувањето на ставовите околу решавањето на спорот за името, и како што вели македонскиот министер за надворешни работи, меѓу двете страни се уште остануваат „планини“ во однос на компромисно решение, пренесува „Макфакс“.

Средбата во Њујорк на маргинитите од 68-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) траела само дваесетина минути и завршила онака како и што почнала, без приближување на ставовите.

„Ставовите од југот се основа на проблемот. Немаме никакво убедување дека имаат желба да станат дел од решението. За се друго можеме да бидеме партнери, но за спорот, меѓу нас се планини“, изјавил шефот на македонската дипломатија Попоски по средбата.

Претходно пак, грчкото МНР преку соопштение ги повтори грчките позиции, и она што Атина го гледа како решение – сложено име со географска одредница, кое ќе биде за севкупна употреба, притоа напаѓајќи ја македонската страна дека е неконструктивната страна во спорот, одговарајќи на сите грчки иницијативи со провокации.

OhridNews
извор:“Макфакс“