Кандидатот за градоначаник на Охрид на НСДП, Ацо Попоски, денеска ја промовираше идејата за изградба на индустриска зона која според неговата визија ќе се наоѓа на неизграденото земјиште во близина на сегашна „Леарница“.


– Местото на денешната средба го одбрав да ви  презентирам каде планирам да ја изградам индустиската зона по европски терк, бидејќи индустриски зони не се градат  во градот, туку надвор од него. Зоната ќе има добра инфраструктура и  пристапни патишта, ел. енергија, канализација-рече Попоски.


Тој рече дека нема да чека компаниите сами да дојдат во индустриската зона туку ќе  тргне по светот и на тие кои сакаат да го  прошират својот бизнис ке им го понуди Охрид како нивна дестинацијаа. „Во Охрид има врдени луѓе и вредни работници“, рече Попоски.


Голем број индустриски објекти во Охрид се изградени до магистралниот пат што претставува опасност како за вработените така и за учесниците во сообраќајот, додаде Попосоки. Тој најави дека во индустриската зона која ќе ја изгради покрај објекти за производство ќе има и ресторани па дури и градинка.

„Основа на оваа зона ке биде т.н “инкубатор“, кој е основа во секоја земја за развој на микор бизнисиот, кој ќе има задача да му даде простор на претприемачот“,
нагласи Попоски. Тој рече дека во првата година претпиемачите ќе биде помогнати максимално, со ослободување од одредни давачки, а сите фирми ќе имаат бенефиции од локалната самоуправа во сооднос на нивниот бизнис и бројот на вработувања.


„Локалната преку таксите и комуналии ќе ги стимулира сите оние кои  ќе инвестираат“, рече Ацо Попоски, најавувајќи дека индустриската зона која тој ќе ја изгради доколку стане градоначалник, ќе вработи неколку илјади охриѓани. Земјиштето каде е планирана изградбата на индустриската зона ќе биде откупено со соодветен надомест на сопствениците и таму ќе се градат објекти кои нема да ја загадуваат животната средина, додаде Попоски.

Ohridnews