Kандидатот за градоначалник, Ацо Попоски и тимот за Охрид, денеска оствари средби со граѓаните од населбата “Билјанини извори”.

При средбата со граѓаните се истакнаа клучните проблеми со кои се соочуваат жителите од тој дел на градот и проектите кои ги нуди Ацо Попоски за оваа населба.
“Билјанини извори”, како една од најпогодните населби да се започне проектот. Со релизацијата на овој проект условите за живеење значително ќе се подобрат за сите граѓани од тој дел на градот – истакна Ацо Попоски.
Исто така денеска младинската организација на НСДП по повод Денот на крводарителството учествуваше во крводарителската акција организирана од Црвен крст-Охрид.

Десетина младинци од НСДП ја покажаа својата хуманост и спремност да помогнат на сите оние на кои им е потребна помош.

Кандидатот за градоначалник, Ацо Попоски, со својот тим учествува на сите добротворни хуманитарни акции и манифестации во нашиот град со што докажува дека приоритет во својата програма им дава на социјалната и здравствената сигурност на сите граѓани на Охрид, информираат од партиската прес служба.










