Кандидатот за градоначалник, Ацо Попоски и тимот за Охрид, во текот на вчерашниот ден остварија средба со граѓаните од населбата Подмоље и Рача.
 
Доаѓа времето кога сите ние кој бараме нешто од Вас треба да платиме висока цена. Цената е да Ве погледнеме во очи и тоа да ни тежи како планина во идниот период. Да не е тоа само формално и да остане само на поминување и заминување во вашата населба, рече Попоски на средбата со жителите од Рача и Подмоае.


-Сакам своето искуство да го понудам пред граѓаните на Охрид, да го направиме градот поубав за младите генерации кои одлучиле своите семејства да ги формираат тука.Не можам да се помирам со Охрид кој е во ваква состојба години наназад. Не можам да се помирам бидејќи стана град безнадежен за сите оние кои штотуку завршиле средни стручни училишта и факултети, но и за вредните луѓе од 40 до 50 год кои останале без перспектива. Надежта не може туку така сама да дојде. Треба самите да  си помогнеме ,но не може сите да кажуваат, треба водач. Треба човек кој што ќе го поведе орото. Кога ќе засвири музиката ,се зависи од тој што игра напред. Не е нескромно ако кажам дека  знам скоро сите ора да ги играм. Ацо Попоски ќе направи општина која ќе е достапна за сите Вас, општина со широко отворени порти, порти кои што се за Вас наменети; општина која ќе се грижи за Вас. Не може Вие за некоја дозвола да чекате со години. Ако имате право да градите, тоа право и ќе го остварите. Ке направам општина во која со задоволство ќе одите и со радост ќе излегувате. Не може да кажуваат дека градоначалникот нема надлежност во однос на вработувањето. Кој има надлежност за Охрид ако не првиот татко на градот? – запраша Попоски


Кој има надлежност да оди по светот и да им каже на лугето „дојдете во Охрид да ја изградите фабриката тука, каде што ќе имате привилегирани услови“? Во Охрид има добри електро мајстори затоа што од ЕМО има 2000-3000 отпуштени. Нема потреба да правите обуки, луѓето се тука веднаш спремни за работа. Кој треба ако не градоначалникот да донесе работа за одличните стругари, бравари, пресари, заварувачи? Тие се најдрагоценото нешто во една општина. Јас не се плашам дали има технологија и машини во Охрид. Јас сум радосен што Охрид има луѓе што знаат да работат, зошто кај мене на прво место е човекот, во центарот е човекот, а се друго со пари се купува. Само здравје и луѓе со пари не се купуваат.
Не е општината наменета за мртвата природа. Општината мора да разбере дека таа е за својот народ, за своите луѓе. Затоа велам дека ќе направиме поразлична општина, која дел од средствата ќе ги враќа назад, на младите, за спортот и за сите лица на кои им е потребна помош.Утре кога ќе победиме им кажувам дека во тимот на Ацо Попоски ќе има и од редовите на ВМРО и од редовите на СДСМ и Турци и Египќани и Албанци. Единствен критериум ќе биде квалитетот. Нема општината да биде привилегија само за тие што ги гледате околу мене. Ќе има работа, ќе има и проекти.Ако сакате иднина и ако сакате повеќе тогаш ќе го изберете Ацо Попоски- истакна кандидатот за градоначалник на Охрид од НСДП.

Ohridnews