По повод празникот 8-ми март, кандидатот за градоначалник од НСДП Ацо Попоски денеска го посети гинеколошко-акушерското одделение при Општа болница Охрид. При посетата на сите мајки им го честита празникот и воедно презентираше дел од својата програма Охрид град на социјална сигурност.

Попоски презентираше дел од социјалната програма
„Во нашата програма, жените се на прво место. За невработени мајки ќе донираме бебе-пакет за секое новороденче и финансиска помош од 200 евра, ќе доделиме финансиски средства за сите вработени трудници во износ кој ќе ја надополни платата во целост, ќе донираме еднократна помош од 50 евра за семејства без ниту еден вработен за новогодишните празници, ќе донираме 200 евра за секоја новоформирана брачна двојка“.
Кандидатот за градоначалник Ацо Попоски исто така истакна дека општината во иднина нема само да зема од граѓаните туку и ќе се грижи за нив со конкретна финансиска помош.











