Намалување на невработеноста, заживување на стопанството и воведување бенифиции за домашните инвеститори, се едни од главните приоритети на независната листа на советници предоводена од Павел Попоски.
Како што истакна Попоски на денешната прес-конференција, приоритети се донесени по сознанијата за потребите на граѓаните на Охрид.
„Доколку ни е доверите вашата поддршка, можеме да придонесеме да се намали невработеноста бидејќи тоа е основна боллка и потреба на еден граѓанин за да може достоинствено да живее. Тоа ќе го направиме со промоција и поддршка на проекти кои ќе го заживеат нашето стопанство. Стопанството во Охрид мора да се издигне на повисоко ниво и истото тоа знаеме како можеме да го направиме. Ќе се потрудиме истите бенифиции што Владата ги дава на странските инвеститори за отворање на нови работни места, да важат и за домашните стопанственици кои ќе го отвораат својот бизнис на територијата на град Охрид.“ – изјави Попоски.
Во овие бененифции, како што рече Попоски, спаѓаат ослободување од придонеси за вработените, едногодишно неповратно субвенционирање за лични доходи како и комплетна изградба на инфраструктурата.
„Во овој дел посебно ќе се заложиме да се развива инкубаторскиот систем на отворање мали и микро претпријатија, преку 3 годишно финансирање на нивните трпшоци од буџетот на град Охрид. А тоа е да им се подмирува струја, кирија, вода, интернет и телефон. Исто така ќе се залагаме да се донесат компании кои ќе носат пари на граѓаните на Охрид. Втора работа на која ќе обрнеме внимание е подобрување на лошата инфраструктура на подалечните селски и приградски наслеби кои се во крајно лоша состојба. Замислете во 21-ви век да живеете во средина каде нема нормален пат, водовод за основна хигиена, нема нормално напојување на електрична енергија, како и најпотетребната медицинска помош за тоа население. Ако сакаме тие населби да ги сочуваме, ние како советничка група, ако ни ја доверите вашата поддршка, итно ќе бараме од идниот градоначалник, овие потреби да ги ставиме на приоритетна листа и заедно со нашите советниците да ги реализираме.“ – рече Попоски.
O.T.