Македонскиот репрезентативец Горан Попов во последниот ден од летниот преоден рок направи трансфер во ВБА. Се шпекулираше дека е блиску до Стоук но левоногиот дефанзивец заврши во редовите на прволигашот Бирмингем.

За своетот деби во новиот клуб Попов ќе чека шанса од клупата откако менаџерот на ВБА, Стив Кларк изјави дека моментално повеќе му верува на Лијам Риџвел но потоа надополни – Сите фудбалери ќе добијат шанса во текот на првенството од нив зависи како ќе ја искористат. За секое место во тимот мора фудбалерите да се борат и да докажат дека сакаат да играат за овој клуб.

По три одиграни натпревари во Премиер Лигата, ВБА со две победи и едно реми се наоѓа на третата позиција. Во наредното четврто коло ВБА гостува на “Кревен Котиџ“.

Мх.П.