Поради повреда на тетивава Македонскиот интернационалец во дресот на Вест Бромвич Албион, Горан Попов предвреме го напушти натпреварот против Квинс Парк Ренџерс. Избраниците на Стив Кларк извојуваа победа 2-1 и ги однесоа трите бода од Лондон.


На место од повредениот Попов, кој беше стартер против фенерџијата на табелата во Премиер лигата, во игра влезе Риџвел.

ВБА поведе 2-0 со головите на Брунт и автоголот на Грин, “ренџерите“ поразот го намалија во вториот дел со погодок на Сисе.

Со оваа победа фудбалерите на ВБА скокнаа на петтата позиција додека избраниците на Хари Реднап се осамени на дното со десет бодови.

Мх.П.