Левиот бек во македонската репрезентација Горан Попов со реми дебитираше во Премиер Лигата. Неговата екипа ВБА во градското дерби со Астон Вила ремизираше 1-1.


Први во предност стигнаа фудбалерите на ВБА откако Лонг погоди во 51-та минута. Бод за Астон Вила обезбеди “џокерот“ Дарен Бент во 80-та минута од мечот.

Македонскиот репрезентативец Попов го одигра целиот натпревар против Астон Вила на стандардната за него лева бековска позиција.

Мх.П.