Македонските интернационалци Горан Попов, Иван Тричковски и Агим Ибраими со своите тимови Динамо Киев, Бриж и Марибор ќе се обидат да стигнат до групната фаза во Лигата на шампиони во фудбал.

Денес на програмата се две средби Динамо Киев ќе го пречека холандскиот преставник Феенорд од Ротердам, додека во Шкотска, Мадервил за противник ќе го има Панатинаикос.

Останатите натпревари на програмата се во среда.

Вторник, 31. јули:
Мадервил-Панатинаикос
Динамо Киев-Феенорд

Среда, 1. август:
Марибор-Дуделанж
БАТЕ Борисов-Дебрецин
Копенхаген-Бриж
Фенербахче-Васлуи
Клуж-Слован Либерец
Андерлехт-Екранас
Партизан-АЕЛ Лимасол
Сласк Вроцлав-Хелсингборг
Шериф-Динамо Загреб
Селтик-Хелсинки
Молде-Базел
Хапоел Шамона-Нефчи

Возвратните натпревари ќе се одиграат на 7 и 8 август