По подлго време поради повреда, во националниот тим се враќа офанзивниот Горан Попов, тој одигра 5-6
средби и се очекува добрата форма да ја потврди на мечот со Луксембург.

– Среќен сум што по подолго време сме комплетни и се надевам дека сите се добро подготвени и во форма . И оние кои беа на подготовки и оние кои играат стандардно во своите клубови во Италија, на Кипар, Германија, Швајцарија. Играв и на првата средба кога ги совладавме со 4-1. Знам дека не се наивна репрезентација. Во никој случај не смееме да се опуштиме туку да покажеме мотив, желба за добра игра и победа – вели Попов.

На големо задоволство на Попов, националниот тим на пријателска средба ќе се судри со светската велесила Португалија.

– Слушнав дека ќе играме и пријателски натпревар со светската велесила, Португалија . Тоа е добро и нам такви натпревари ни требаат. Сум играл против многу фудбалски ѕвезди но ова е првпат да играм против Роналдо. Имам желба за вакви средби со велесили како Шпанија, Англија Португалија – изјави за веб сајтот на ФФМ, Попов кој е во Израел на подготовки со Динамо Киев.

Ohridnews