Популацијата на европски елен во репродуктивниот центар на Галичица веќе достигна 100-тина единки, информираат од ЈУНП „Галичица“. Додаваат дека оваа есен се планира да се пуштат одреден број единки во природа.

Со пуштањето на елените во природа, покрај остварувањето на примарната цел за реинтродукција на европскиот елен, од НП Галичица очекуваат дека генерално ќе се зголеми атрактивноста на НП Галичица за посетителите.

Во 2019 година во центарот, како што претходно информираа од установата бea донесени 30 единки од кои 24 женки и 6 мажјаци. Во следните две години имало принова и стадотото кое е во репродуктивниот центар достигна бројка од 60 единки.

Репродуктивниот центар беше оформен во 2018 година со цел да се изврши реинтродукција на европскиот елен во НП Галичица за да се обезбеди активно управување со секундарните живеалишта и високопланинските пасишта во Националниот парк со помош на дива фауна.

OhridNews

фото: НП Галичица