Поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“ среда, 2-ри декември 2015 година ќе биде неработен ден за сите граѓани, информираше Министерството за труд и социјална политика.

Одлуката е донесена согласно Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 21-ви ноември 2015 година, поради спроведување на традиционалната еколошка акција.

Во текот на минатогодишната акција за пошумување, охриѓани ја пошумуваа месноста Орман, а беа засадени и дрвца на неколку локации во градот.

Идејата за пошумена Македонија преку засадување на иднината се појави во август 2007 година, кога амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов, поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини. Акцијата за прв пат се реализира во 2008 година и во континуитет трае до денес.

OhridNews