Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 160мм ) денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците во с. Лескоец, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Бидејќи истиот е настанат на непристапен терен интервецијата може да се пролонгира. Екипи на претпријатието се на терен до завршување на санацијата, велат.
Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење, ЈП Водовод Охрид испраќа и апел до сите корисници посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски површини, во најавениот период со зголемени температури да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за наводнување на паркови и земјоделски насади.
OhridNews