Поради дефект дел од жителите на Охрид и Дебрца без електрично напојување. Според информациите од наши сограѓани прекини имало во текот на ноќта и утринава.

Се работи за дефект на 110 киловолти далековод. Прекин во снабдувањето со електрична енергија има во делови од градот, меѓу нив улиците „Будва“, „Железничка“, „Марко Цепенков“, Косел и околината вклучувајќи ги и селата од Дебрца, Мешеишта, Песочани, Градиште… Сеуште се работи на дефектот, екипите се на терен веќе 4 часа. Во делови од градот веќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија, посочуваат од ЕВН.
Н.С.Ј.











