Поради дефект дел од жителите на Охрид и Дебрца без електрично напојување. Според информациите од наши сограѓани прекини имало во текот на ноќта и утринава.

Од ЕВН Македонија информираат дека се работи за дефект и без електрично напојување се делови на Охрид и Дебрца, но екипите на претпријатието се на терен и работат на санирање на истиот.

Се работи за дефект на 110 киловолти далековод. Прекин во снабдувањето со електрична енергија има во делови од градот, меѓу нив улиците „Будва“, „Железничка“, „Марко Цепенков“, Косел и околината вклучувајќи ги и селата од Дебрца, Мешеишта, Песочани, Градиште… Сеуште се работи на дефектот, екипите се на терен веќе 4 часа. Во делови од градот веќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија, посочуваат од ЕВН.

Н.С.Ј.