Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денеска, вторник 14.06.2011г. до 21 часот прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците од улиците Димитар Влахов, Серафим Китаноски, Спас Банџов, Мите Богоески, Ванчо Николески, дел од Македонски Просветители , дел од Партизанска и дел од Јане Сандански.

Оваа интервенција беше најавена за во среда, но поради технички проблеми (дефект) неизбежно е истата да се изврши денес, информираат од МЈП Проаква.

OhridNews