Поради настанат дефект на водоводната мрежа-пукната цевка со профил ф 300, денес, од 09:00 има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во градот.

Прекин во водоснабдувањето има на делови од: „Железничка“, „Стив Наумов“, „Абас Емин“, „Крали Марко“, „Јабланица“, „Бистрица“, „7-ми Ноември“, „Туристичка“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“, „8ми Март“, „Егејска“
, „Марко Нестороски“, „Питу Гули“, „Прилепска“, „Кленоец“, информираат од јавното претпријатие Водовод Охрид.

Екипите се на терен и работаат на отстранување на дефектот.

OhridNews