Поради дефект неколку часа ќе има прекин во снабдувањето со вода на неколку улици во Охрид информираат од ЈП Водовод Охрид.

Поради пукната цевка со профил ф 160мм, денес од 9 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици: „Димитар Влахов”, „Партизанска”, „Кеј Македонија”, дел од „Јане Сандански”, „Св.Климент Охридски”, „Цар Самуил”, „Коста Абраш”, „Климентов Универзитет”, „Ванчо Николески”, „Славеј Планина” и „Серафим Китаноски”, додаваат од претпријатието.

OhridNews