Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, понеделник, поради дефект на главна водоводна линија ф 160 мм на улицата „ Стив Наумов“, во непосредна близина на основното училиште „Братство и единство“, ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици.

Без вода ќе бидат објектите на улиците „Стив Наумов“,„ Пере Тошев“,„ Петар Поп Арсов“, дел од улицата „Абас Емин“ и дел од улицата „Крали Марко“.

Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

OhridNews