Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, понеделник, поради настанат дефект на водоводна линија ф300мм на улиците „Кленоец“ и „Јордан Мијалков“ , ќе има прекин во водоснабдувањето.

Без вода за пиење ќе бидат објектите на улиците: Кленоец, Радојца Новичиќ, 28-ми Април и Српница, како и во селата Горно Лакочереј и Лескоец.

Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот.

OhridNews