Организаторите на програмата „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“ информираат дека поради лошите временски услови, највената Трка на келнерите, што требаше да се одржи утре, е поместена за петок, 19-ти јануари, со почеток во 19:00 часот. Основната идеја е да се организира трка на најбрзите и најдобрите келнери од охридските кафе барови, ресторани и хотели. Ќе се трча на потегот од пред Mr.I до кружниот тек во центарот на градот.
За забавата вечерта ќе се погрижат групата Камелеон, заедно со Жармена и Китроз, по што ќе следува и настанот на вечерта, концертот на групата Фолтин.
Има промени и во термините на другит енастани. Изложбата на отворено на фотографии од Охрид во голем формат ќе биде свечено отворена во четврток, 18-ти јануари во 12:30 часот на платото – малиот плоштад кај поранешна Библиотека. Претходно, во 12:00 часот, на посебно прилагодениот простор позади споменикот на Св. Климент на Градскиот плоштад ќе започне и Фестивалот на графити и модерна уметност.
OhridNews











