Поради постоење на основано сомнение дека се сторители на кривичното дело  „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против  С.К.(27) и П.К.(26) двајцата од Охрид. Од страна на Истражен Судија при основниот Суд во Охрид, на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.


На ден 23 Јули оваа година, по претходни оперативни сознанија, при преглед кај Пештани, кај првопријавениот С.К. пронајдени се вкупно 49 таблети Екстази-амфетамин. Истиот, забележувајќи ги полициските инспектори, се обидел да ја исфли најлон кесичката во која била синтетичката дрога односно таблетките со зелена боја и натпис „ Apple„.


Кај прво пријавениот П.К. во неговата долна облека, пронајдена е опојна дрога марихуана која може да се добие со сушење, дробење и ситнење на врвните делови и листови од растението Канабис.

Двајцата пријавени, се сопрени кај Пештани во патничко моторно возило „Пежо Партнер„ управувано од П.К.  кој заедно со неговиот пријател имале намера да присуствуваат на техно забава во Авто кампот „Градиште„ .

Во извршените контроли на полициските инспектори, викендов на техно забавата во авто кампот, кај повеке лица од Скопје, беа пронајдени и други помали количини Екстази и Марихуана.

Истите се приведени и ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews