Во тек се финални подготовки на подлогата за асфалтирање, нивелирање и збивање на тампонскиот слој како и поставување на сливници во рамки на последните две фази од изградбата на кружниот тек на пресекот на бул. „Туристичка” и ул. „Македонски Просветители“.
Според планиранта динамика на изведувачот,поставувањето на првиот слој на асфалт за порамнување ќе отпочне утре во периодот помеѓу 11 и 15 часот поради што делови од улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ ќе бидат затворени за сообраќај. Во зависност од временските услови,се очекува поставувањето на завршниот слој на асфалт на оваа крстосница да биде во недела,односно понеделник 20.12 и 21.12.
По завршувањето на активностите околу асфалтирањето, ќе биде поставена комплетната хоризонтална и вертикална сигнализација,според која ќе се одвива новиот режим на сообраќај.
OhridNews