Обврска да поднесат годишен извештај имаат правните лица, трговец-поединец, занаетчииите, лица кои вршат слободни занимања и други кои во изминатата 2011 година извршиле исплата на приходи на физички лица.
Фирмите до 15 февруари треба на граѓаните да им издадат пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2011 година. Врз основа на издадените пресметки, граѓанинот како обврзник на персоналниот данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.
Доколку до 15 февруари, економските субјекти не поднесат годишен извештај за исплатените приходи, како и на граѓанинот не му издадат збирна пресметка за 2011 година, законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на фирмата, ќе му биде изречена глоба во износ од 750 евра во денарска противредност.
Според податоците од УЈП досега годишни извештаи поднеле 14.770 фирми, а се очекува да пристигнат уште 50 илјади.