Поради голем дефект на водоводната мрежа во близина на улицата Галичица, дојде до прекин во водоснабдувањето на неколку улици: Јане Сандански, дел од улицата Галичица, 8- ми септември, Лазо Трпоски и 29- ти Ноември.


Како што информираат од МЈП Проаква, екипите се на терен и работаат на отстранување на дефектот. Првичната проценка е дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае до 15 часот.

OhridNews