Во весниците „Дневник“ и „Вечер“, објавен е оглас на градежната компанија Гранит со кој поради изведување на градежните работи на патните правци Миладиновци- Свети Николе- Штип и Кичево – Охрид, се бараат над 670 работници.
Според огласот компанијата има потреба за вкупно 28 работни позиции, меѓу кои за градежен инженер, рударски инженер, раководител на градежна механизација, финансов извршител, минер, работник на каменолом, градежни работници и други.
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласените работни места ќе се одвива со полно работно време од понеделник до петок, од 07:30 до 15:30 часот. Огласот трае пет работни дена од објавувањето.
Пратеникот во минатиот состав на собранието, кој активно беше вклучен во проектот , Александар Николоски,јавно ги повика охриѓани да се пријават на објавениот оглас.
– По усвојувањето на законите за изградба на автопатот Охрид- Кичево и Миладинцовци- Штип во македонското Собрание и почетокот на градежните активности веќе се чуствуваат и првите краткорочни економски ефекти. Кинескиот партнер строго го почитува договорт најмалку 49 проценти од компаниите кои ќе работат и најмалку 51 процент од работниците да се од Македонија. По вчерашниот оглас за 670 вработувања, денес и во следните денови ќе се објавуваат нови огласи за вкупно над 1000 вработувања. Профилите се и со високо и со средно образование, има конкурси за машински и градежни инженери , економисти и правници, како и за возачи на машини, молери, ѕидари, градежни работници итн. Ова е најголема бројка на луѓе што можат да се вработат од Охрид и охридско во последниве 20- тина години, изјави Николоски.
OhridNews