Во период од неколку минути американцеот Крис Рејнолд ос Филаделфија бил апсолутно најбогатиот човек на планетата. Поради грешка во системот за електронско плаќање “PayPal”, овој човек кој има 56 години на својата сметка имал 92.233.720.368.547.800 долари. Рекол дека била грешка, но навистина поверувал дека ги добил тие пари.
Неколку часа подоцна, неговата сметка повторно била празна. Со малку тажна насмевка рекол дека грешката била исправена. Тврдел дека доколку навистина ги добиел парите ќе ги потрошел во добротворни цели. Додал дека најпрво би го исплатил целиот американски долг, а потоа ќе го купел безбол клубот од Филаделфија „Филис“. Од “PayPal” не сакале да го коментираат случајот, не сакајќи да ја обелоденат процедурата која сајтот ја држи во строга тајност.