Поради хоризонтално обележување вечерва ќе бидат затворени за сообраќај неколку улици во централното градско подрачје информираат од Општина Охрид.

Во периодот од 18:00 ч. до 05:00 ч.  целосно ќе бидат затворени за сообраќај улиците:

  • Димитар Влахов – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Кузман Јосифоски Питу до раскрсница на ул. Димитар Влахов со ул. Македонски Просветители;
  • Партизанска – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Кузман Јосифоски Питу до раскрсница на ул. Партизанска со ул. Македонски Просветители;
  • Македонски Просветители – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Даме Груев до кружна крстосница со ул. Кеј Македонија.

Во овој период сообраќајот за Стар Град ќе се одвива исклучиво преку Горна Порта. Се молат сите учесници во сообраќајот да ги отстранат паркираните возила на наведениве улици со цел непречено одвивање на активностите, велат во соопштението.

OhridNews