На гласањето на законот кој се носи со Бадентер, пратениците на ДУИ беа против. Ваквото однесување на пратеничката група на ДУИ претставува притисок врз ВМРО ДПМНЕ поради недоразбирањата околу законот за денационализација и другите политички барања што интегративците му ги испорачаа на македонскиот партнер во власта.
Во обид да ги надминат недоразбирањата вчера се сретнаа координаторите на пратеничките групи, Силвана Бонева и Тахир Хани. На средбата се дискутирало за решенија за излез од кризата во владејачката коалиција, поради која извиси долго очекуваниот Закон за заштита на културното наследство во Охридскиот регион, кој сега ќе мора да сочека нова процедура.