Поради која шминка изгледате постари?

Постојат грешки за време на шминкањето кои прават да изгледате постари отколку што навистина сте. Се работи за изборот на шминка, но и начинот на шминкање поради кој непотребно додавате години. Дознајте кои се тие грешки, за да научите да ги избегнувате и да изгледате неодоливо. Најголемите виновници  поради кои не се чувствувате убаво се акните, подочниците и зголеменото црвенило. Покрај пудрата, тука е и коректорот кој помага да се сокријат сите критични подрачја, а поради кои се чувстувувате помалку посакувано.

За да не погрешите при изборот на коректор, внимавајте да ги купувате само оние коректори кои се со послаба текстура. Ако изберете прегусти коректори, може да се случи  уште повеќе да ги истакнете подочниците, наместо да ги сокриете.

Една од најголемите грешки кои ја прават жените е погрешниот избор на пудра, а таа е најважна кога е во прашање одличната подлога. Секој пат кога ќе почнете да се шминкате, знаете дека не можете да започнете без соодветна подлога. Кога избирате пудра, важно е да изберете нијанса која највеќе ќе одговара на вашата боја на кожа. Ако изберете потемна нијанса, ќе изгледате постари и како да сте поминале премногу време во солариум. Пресветла нијанса, исто така, не е добра, бидејќи може да изгледате како да сте болни. Добро е да знаете дека кај пудрата важи правилото-колку помалку-толку подобро.

Избегнувајте да ставате маскара и молив за очи на долниот капак. Маскара нанесувајте само на горните трепки, а исто важи и за тушот за очи и моливчето. Во спротивно, брчките ќе бидат понагласени, очите ќе изгледаат помали, а подочниците ќе бидат потемни.

Избегнете да изгледате постари отколку што сте. Шминката е орудие со помош на кое ги истакнувате предностите на лицето и ги сокривате недостатоците. Ако научите како правилно да се шминкате, шминката може да стане ваш најдобар сојузник кога е во прашање убавината, но и најлош непријател ако не се шминкате правилно.