
Процесот се состои во ослободување на фреквенциите од дигиталната дивиденда намената за 4Г технологијата во Македонија.
Заради спроведување на овој сложен процес, во периодот од 10 јуни 2013 до 1 септември 2013 ќе се врши оптимизација на ДВБ-Т предавателните локации на ОНЕ заради усогласување на фреквенциите.
При процесот можни се прекини во програмата во одредени региони за што, како што соопштуваат од ОНЕ, благовремено ќе информираат.












