Поради настанат дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” (пукната цевка со профил ф200 мм ) прекин во водоснабдувањето најавуваат од ЈП Водовод Охрид.

Денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев”, вклучувајки ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи, велат од претпријатието.

Додаваат дека екипи на ЈП Водовод Охрид се на терен до завршување на санацијата.

OhridNews